Фото: ЈП „Улици и патишта“

Продолжува да се смирува сообраќајот на „Васко Карангелевски“ со нови „легнати полицајци“

Град Скопје во 2023-та ја пушти улицата во сообраќај без семафори на крстосницата кај училиштето, а жителите се жалеа и алармираа дека тоа не е улица, туку „кланица“ и бараа да се затвори додека не се исправат грешките.

На улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром и три години по нејзината реконструкција и проширување, сè уште се прават обиди за забавување на сообраќајот, за улицата која минува во близина на основно училиште  да биде безбедна за граѓаните, пред сè за учениците кои секојдневно ја минуваат.

Град Скопје по две години изградба ја пушти улицата во сообраќај без семафори на крстосницата кај училиштето, а жителите се жалеа и алармираа дека тоа не е улица, туку „кланица“ и бараа да се затвори додека не се постават семафори, особено по неколкуте сообраќајни несреќи што се случија како последица на пребрзото возење по неа.

Семафори беа поставени дури минатата есен, а долгоочекуваната вест за жителите ја соопштија од ЈП „Улици и патишта“ од каде што информираа дека започнаа со поставување светлосна сигнализација на крстосницата на оваа улица со улицата „Ангел Димовски“.

Граѓаните загрижени дали улицата Васко Карангелески ќе добие семафори: Град Скопје вели да, ако одобри МВР

Но очигледно не помогнаа многу ни семафорите, па од јавното претпријатие денеска информираа дека монтираат нови платоа за смирување на сообраќајот и нова вертикална сигнализација на улица „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром.

По налог на Град Скопје и поради зголемување на безбедноста на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, а особено поради најмладите кои учат во ОOУ „Ѓорѓија Пулевски“ дополнително се поставуваат осум нови платоа за смирен сообраќај. Во рамките на тековното одржување екипите продолжуваат со редовната санација и обнова на сообраќајната опрема и сигнализација и на останатите главни сообраќајници со цел одржување на безбеден и проточен сообраќај во градот, велат од „Улици и патишта“.

Граѓаните револтирани: Васко Карангелевски не е улица, туку кланица, да се затвори додека не се исправат грешките!

Град Скопје есента во 2023 година ја заврши изградбата на оваа улица, која овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општината – АСНОМ, „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“. На улицата има по две коловозни ленти во двете насоки во должина од 1100 метри, велосипедски и пешачки патеки, а изведена е и нова атмосферска канализација. Од Градот се пофалија дека со ваквото сообраќајно решение се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот