Продадена јахтата на рускиот олигарх Пумјански

Јахта/ Фото MARKUS SCHOLZ / AFP / Profimedia

Непознат купувач платил 37,5 милиони долари на аукција за луксузната јахта на рускиот олигарх Дмитриј Пумпјански, соопшти судот на Гибралтар. Аксиома долга 73 метри е првата јахта на олигарх што е продадена како резултат на санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина, пишува локалниот весник Гибралтар хроникл.

Јахтата пловела под малтешко знаме, а била запленета на барање на американската банка ЈП Морган, која побарала исплата на заем од 20,5 милиони долари од компанијата на Дмитри Пумпјански. Банката побарала исплата на кредитот бидејќи Пумпјански бил вклучен во списокот за санкции на Европската унија и Велика Британија, а неговиот имот бил замрзнат.

Купувачот остана анонимен, а неговата понуда беше највисока од 63 поднесени до 23 август, соопшти британската аукциска куќа. Судот се согласи да плати дополнителни 505.000 евра за опремата на бродот, како и за собирање на вино и алкохолни пијалоци на бродот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот