Седум албански државјанки приведени во ноќни клубови во Тетовско и Гостиварско
Во заедничка акциска контрола на полицијата од Тетово и Гостивар, спроведена синоќа во неколку ноќни клубови, приведени се седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта.
Препорачано
Како што информира Министерството за внатрешни работи, контролата била спроведена синоќа од 22 часот до 2 часот, во угостителски објекти во селата Желино и Зубовце. Во ноќен бар во Желино, во сопственост на 47-годишниот Ј.Ф. од истото село, биле затекнати пет државјанки на Република Албанија на возраст од 24 до 50 години.
Во друг објект – ноќен клуб во селото Зубовце, сопственост на 50-годишниот Р.Б. од село Добридол, биле затекнати уште две албански државјанки на возраст од 33 и 36 години.
Сите седум лица се приведени и задржани во полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка. Акцијата е дел од планирани контроли за откривање нелегален престој и злоупотреби на визен режим.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
15мин
-
36мин
-
46мин
-
53мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


