Приведен скопјанец за „даночно затајување“

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Вчера во 16.10 часот, полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот