Приведен малолетник од Струга кој поседувал гасен пиштол

Илустрација/Архива на Слободен печат

Полицијата утрово приведе малолетник од Струга, бидејќи кај него бил пронајден гасен пиштол.

Околу 07:20 часот денеска на улица „Пролетски бригади“ во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот