Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило

Вчера припадници на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар лишен е од слобода С.Б.(58) од Гостивар.

При преглед во неговото возило „ауди”, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот