Приведен 24-годишен радовишанец, кој со „БМВ“ прошета низ радовишкото шеталиште

МВР информира дека е приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште.

-Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „бмв”, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска во 15 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката, соопштија од МВР.

Тој, на 30 декември околу 22 часот на ул.„22 Октомври”, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.

-По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави.

Извор:МИА

ВИДЕО: И во Радовиш има како скопските „фраери“, што се возат со кола на плоштад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот