Приватните превозници им се извинија на скопјани за сообраќајниот метеж кој го предизвикаа

скопје блокирано протест приватни автобуси превозници (7)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Возачите кои денеска ги блокираа крстосниците пред ТЦ „Мавровка“ , кај Црвениот Крст и на Илинденска, на социјалните мрежи им се извинија на скопјани за сообраќајниот метеж кој се создаде поради протестите кои сеуште траат а започнаа од 6 часот наутро.

Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот. Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Ваквото однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат – стои во објавата на „Слобода превоз“.

Инаку, според најавите, доколку денеска протестите на приватните автобуски превозници не помогнат за да се изнајде решение за проблемите со автобускиот превоз, возачите од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ најавија радикализација на протерстите во следните денови.

ВИДЕО: Расте нервозата, скопјани заглавени кај Тутунски поради протестот на приватните превозници

 

Приватните превозници од денес ќе „живеат“ на булеварите сѐ до исплаќање на долгот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот