Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство поднесе oбвинителен акт против скопјанец кој е обвинет за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20 минатиот месец биле пронајдени 327 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага. Дрогата ја чувала дома за неовластена продажба, тврди ОЈО. Судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена.