ЈО бара притвор за тројца од петмината приведени во случајот со исчезнатата Вања

Јавното обвинителство извествува дека во текот на целиот ден преземаат дејствија за обезбедување докази во врска со случајот со исчезната Вања Ѓочевска, која исчезна во понеделникот наутро во Дебар Маало, одејќи кон училиште.

– За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани – соопшти Јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера соопшти дека се приведени пет лица поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

– Истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации – рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот