Принцот Хари слета во Лондон: Семејните кавги паѓаат во втор план, тој ќе биде со својот татко

Фото: Profimedia

Принцот Хари пристигна во Обединетото Кралство за да биде со својот татко, кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак.

Принцот реши да ги остави настрана несогласувањата со семејството и да се фокусира на она што е најважно – неговото семејство.

Фото: CB/CB / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Војводата од Сасекс го напушти аеродромот Хитроу попладнево, пишува британскиот весник „Сан“, а од Лос Анџелес отпатувал во понеделникот вечерта, но неговиот лет бил одложен поради невремето во Калифорнија.

Сѐ уште не е познато каде точно ќе престојува принцот додека е во Лондон, а не се знае ни колку ќе остане во Британија.

Чарлс лично го известил својот син за дијагнозата, како што пренесуваат британските медиуми, во топол телефонски разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот