Прилеп со нов подвиг – славеше и на тешкото гостување кај Пролет
Ракометарите на Прилеп продолжуваат со одличните партии и го запишаа вториот последователен триумф. По убедливата победа против Бутел, тимот вечерва приреди ново изненадување совладувајќи го Пролет на негов терен со 27-30.
Препорачано
Гостите влегоа цврсто во мечот иако Пролет на почетокот имаше минимална предност од 4-2. Последното водство на домаќините беше при резултат 10-9, по што Прилеп направи серија од четири гола и го преврте резултатот во своја корист. На полувреме заминаа со водство од 14-16, кое го обезбеди Димитриоски.
И вториот дел започна во знак на Прилеп, но Пролет успеа да се врати, а при 25-25 Палевски промаши клучен зицер. Прилеп повторно се одлепи на два гола, домаќините израмнија, но во пресудните моменти Кастратовиќ презеде одговорност и со два гола ја запечати победата.
Кај Прилеп најрасположени беа Димитриоски со седум и Квастек со шест гола, додека кај Пролет најдобар стрелец беше Палевски со девет погодоци, пред капитенот Андоновски кој постигна седум.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


