Приказна која отрезнува: ИТ-експерт со свршеницата го напуштиле Белград и заминалe на село

Фото: Инстаграм/Дамјан Добрила

Само ќе се спакуваш еден ден, ќе оставаш сѐ и одиш да чуваш овци. Таквото сценарио е потсвесна желба на многу жители на градот, кои се изморени од метежот, стресот и загадувањето.

Дамјан и неговата свршеница Добрила го направија токму тоа – го напуштија Белград и се преселија во зафрленото село Доброселица на падините на Златар. Широките пространства, прекрасните зелени ридови и чистата дивина станаа негов нов дом, пишува српскиот портал „Нова“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damjan Dobrila (@dobardam)

Овој ИТ-експерт е дете на асфалтот, израснал во блокот 45 во Нов Белград. Но, тој отсекогаш сонувал да оди во природа и да живее едноставен живот. Тоа конечно го примени во пракса, заедно со својата свршеница, жена од Ужице, која живее во главниот град веќе 15 години.

„Сфатив колку црни мисли и грижи имав само затоа што бев во градот. Колку пати во текот на денот помислував на воздух и вода. Коронавирусот ни помогна да сфатиме дека тоа нема да биде страшно. Кога останавме затворени во куќата и упатени еден кон друг, сфативме дека во таква изолација ќе бидеме и на село – само што кога ќе излеземе ќе видиме рај“, вели Дамјан за „Нова“.

ИТ-експертот открил како изгледа неговото долгоочекувано бегство од градот.

Враќање кон корените

„Сите мои пријатели сонуваа за тоа. Тоа ни беше во главите пет -шест години, а пред две -три години почнавме да бараме – ја обиколивме Србија, планирајќи да најдеме нешто поблиску до Белград. Разгледавме некои имоти на Рудник, а меѓу првите го гледавме дури и Космај. Потоа сфативме дека каде и да одиме, тоа е повеќе некое викенд одморалиште, такво чувство, дека не е тоа-тоа. Никаде нема зимзелена шума, не е дива вистинска природа“, вели Дамјан.

Потоа се сетиле на опцијата која секогаш им била „пред нос“, но изгледала премногу екстремно – Доброселица, оддалечено село каде што се наоѓа дедото на сопругата на Дамјан. Имал стара куќа што ја прилагодиле нејзините родители, со два хектари земја.

„Селото е малку далеку од автопатот, над ридот, далеку е од Златибор, кој за жал, сега е добро познат на сите. Ние сме кон Златар и сите нѐ предупредуваат за зимата. Ни велеа да купиме други автомобили, ни кажуваа што нема да можеме да направиме… На крајот, пресековме – мора да се обидеме. Отворено рековме: „Ако ја поминеме зимата, секоја чест. Но, не е важно, нема да се оптоваруваме, никој ништо не потпишал дека мора“, се пошегувал Дамјан.

Едноставен живот

Дамјан вели дека Доброселица е прекрасно село, но дека просечната возраст на жителите е 80 години. Тој исто така вели дека само едно младо семејство се вратило во селото.

Забележал дека црквата е реновирана, но дека нема училиште – затоа што нема деца. Има само урнатини.

„Преку улицата каде што е црквата, има училиште што некој го затворил пред 10 или 15 години оставајќи ги вратите и прозорците отворени, а дневниците се на подот. Изгледа како да паднала бомба. Без никаква одговорност, тие го оставиле да се распадне“, опишува тој.

Сепак, сѐ друго е толку убаво што ви го одзема здивот, а исто така ја сакаат и физичката работа, која ја има во селата.

„Цел ден го поминувам во физичка работа. Навистина ми беше смешно што трчав полумаратон во градот, а тука луѓето што ни помагаа секој ден до пладне направија работа што е еднаква на три маратони, па пијат кафе и продолжуваат. Во градот плаќам за важбална за да се опуштам и мускулите да ми бидат во ред, но овде го правам тоа за себе“, раскажал Дамјан.

Пред да се преселат, тие посетувале работилници за пермакултура – начин за одгледување растенија без обработка на земјата и користење хемикалии.

„Ќе го пробаме оваа година, купивме стари сорти на семиња. Попристапно е отколку што мислев. Кога заминавме, сите сакаа да помогнат, портата се отвори. На крајот, мислам дека тоа е она што ќе нѐ држи тука. Толку го одложувавме, а сега гледам дека го добивме ветерот во грбот од сите страни“, вели Дамјан.

Луѓето што ги запознале на тие работилници дополнително ги мотивирале.

„Сфативме колку е тешко, но и колку е убаво. Во моите очи и насмевка, видов што се случува во нивните глави. Можеби имаат плускавци на рацете, можеби плачеа првата зима, но гледам дека го постигнаа она што го сакаа. И тие воопшто не се изолирани од своите пријатели и семејството“, открива тој.

Тој верува дека тие не се сами во нивниот обид да го освојат селото.

„Се надевам дека луѓето ќе се вратат во селото. Гледајќи во ИТ круговите, секој има желба за тоа. Сите се во стилот: „За малку ќе пресечев, само да го продадам станот“. Значи, ми се чини дека тоа е бран што не е видлив, но веќе е започнат“, смета Дамјан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damjan Dobrila (@dobardam)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот