Причините поради кои Кике Сетиен ја загуби довербата од фудбалерите

фото: твитер

Состојбата во Барселона е далеку од идеална и се чини дека единствен излез од кризата е во отказот за тренерот Кике Сетиен.

Каталонските медиуми кои се блиски до управата на клубот каок „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ пишуваат за причините поради кои пукна на релација тренер – соблекувална, односно како Кике Сетиен ја загуби поддршката од Лионел Меси и останатите фудбалери.

Постојани промени во формацијата: Сетиен тргна со формација 3-5-2, потоа премина на 4-3-3, па ја смени во 4-4-2 и на крај играше со 4-3-1-2.
Чудни тренинзи: Фудбалерите често не можеа да сфатат што сака да направи Сетиен на тренинзите и што бара од нив на натпреварите. Токму поради различните и нејасни тренинзи по ремито со Селта изби голема караница во соблекувалната.

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Лоши ротации: Тренерот кој претходно го предводеше Бетис и според медиумите не е дораснат за клупата на гигант како Барселона, постојано грешеше со измените. Сетиен користеше најмал фонд на играчи и соблекувалната смета дека мораше повеќе да ротира.
Артур: Ниту еден од староседелците во Барселона не го одобри трансферот на Артур во Јувентус.
Контрадикторни изјави: На секоја изјава на Меси по натпреварите во која зборуваше дека со ваква игра не може да се освои Лигата на шампионите, Кике Сетиен веќе наредниот ред даваше спротивна изјава.
Нереализирани ветувања: Сетиен на клупата на Барселона дојде како голем поддржувач на филозофијата на Јохан Кројф, повторуваше дека сака неговиот тим да ја игра препознатливата тика-така, дека неговиот тим сака да игра убав фудбал за око, но се случи спротивното.

Лионел Меси/EPA-EFE/LAVANDEIRA JR

Едер Сарабија: На фудбалерите не им се допаѓа избувливиот карактер и некултурно однесување на помошниот тренер. Сарабија често влегуваше во конфликти со своите фудбалери, а Кике Сетиен сетоа тоа немо го гледаше и не интервенираше.
Кој е виновен за слабите игри и резултати: Додека Лионел Меси и останатите фудбалери по секој неуспех ги признаваат сопствените грешки, Сетиен ниту еднаш не ја призна вината и за се го обвинуваше ВАР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот