При претрес во дом во скопско Кондово полицијата пронајде зоља кај Косовец

ФОТО/ МВР

Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

-При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, се наведува во соопштението од МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот