Превц е дисквалификуван, остана без победа која му носеше нов рекорд
Словенечкиот ски-скокач Домен Превц беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти. Превц триумфираше со скок од 129 метри и зад себе го остави второпласираниот Германец Филип Рајмунд со речиси десет бода разлика, но победата му беше одземена по контролата на опремата.
Препорачано
Причината за дисквалификацијата биле скиите, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното. Според правилата, должината на скиите зависи од телесната тежина на натпреварувачот, а строгата проверка утврдила дека Превц бил премногу лесен за скиите што ги користел, поради што неговиот резултат автоматски бил поништен.
Иако веќе го има обезбедено Големиот кристален глобус за вкупна победа во сезоната, дисквалификацијата го чинеше Превц можност да постави апсолутен рекорд. Победа во Лахти ќе му беше седма по ред, со што ќе станеше единствен рекордер. Вака останува на шест последователни победи, со што го дели рекордот со други ски-скокачи.
Ника Превц е без конкуренција, стигна до уште една победа во Светскиот куп
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


