Претседателот Пендаровски на гости кај амбасадорката Бенгстон по повод Националниот ден на Шведска

Во знак на одбележување на Националниот ден на Шведска – 6 јуни, шведската амбасадорка во државава Кристин Форсгрен Бенгтсон, денеска беше домаќин на претседателот  Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, соопштија од Амбасадата на Шведска во Северна Македонија.

Оттаму информираат дека на свечениот ручек амбасадорката и претседателот ги истакнале долгогодишните одлични билатерални односи помеѓу двете земји.

– Традиционално беа интонирани химните на двете држави, по што претседателот и првата дама имаа можност да вкусат типични шведски специјалитети приготвени согласно пристапот на готвење со нула отпад, со употреба и на шведски и на локално произведени и органски продукти од разни делови на Северна Македонија, соопшти Амбасадата на Шведска.

Како што посочуваат, Националниот ден на Шведска, заради пандемијата со Ковид-19 и оваа година ќе се прослави дигитално, на социјалните мрежи на Амбасадата, под мотото „Славете со нас! Жолтото и синото стануваат зелено!“, и цели да истакне одржливи начини на живот со нагласок на зелени решенија и избори.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот