Претрес во Гостиварско, одземени се автоматски пушки и муниција

Фото: МВР

Полицијата од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на 23-годишниот Е.Ф. од село Ломница, Гостиварско. При претресот, од С.Ф., татко на 23-годишникот, пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.

Денеска (01.02.2024) од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во с. Ломница-гостиварско поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. При претресот од лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка – се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се приведени во полициската саница во Гостивар, извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот