Претежно облачно време, со повремен дожд од пладневните часови

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде претежно облачно, на истокот со сончеви периоди. Изутринава во одредени делови услови за појава на магла, а од пладневните часови ќе има повремен дожд кој се прошири од западните кон централните делови.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта снег ќе провејува на повисоките места во северните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Од вечерните часови ќе започне да дува северен ветер кој преку ноќта ќе засилува.

Минималната температура ќе се спушти до минус , а максималната ќе достигне 8 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро повремен снег ќе има на планините, а понекаде понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

Во деновите потоа ќе преовладува студено време, од среда ќе биде облачно со повремени локални врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а ќе дува поинтензивен јужен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот