Нела Јакшиќ - Надорешно политички коментатор

ПРЕСВРТ | Нела Јакшиќ: Царинската војна меѓу Кина и САД ќе заврши без конкретен победник

Имаме десет недели на владеење на американската администрација и носење на унилатерални одлики на Доналд Трамп кои видовме дека дефинитивно ја размрдаа глобалната економија и со тоа се замени концептот на моќ со концептот на страв. Сепак, Америка треба да се насочи внатре првично да се реформира економски, политички и секако поинаку за да може да се наметне како некогаш во времето таа да биде на првото место во светот. Од друга страна брзорастечката економија на Кина незначително ќе се разниша со последните американски тарифи кон неа, но тоа нема да ја наруши стратегијата на Пекинг тој во периодот што доаѓа да биде уште посилен глобален играч – вели во емисијата „ПРЕСВРТНела Јакшиќ, надворешно политички коментатор.

– Сметам дека не може да има победници во атмосфера на трговска војна. Може само да има земји кои успешно ќе се издигнат, ќе ја навигираат и геополитички ќе го зголемат своето влијаење од целата ситуација. Од друга страна, втората опција е земјите да паднат економски и да се сведат на ниво каде тие ќе мораат да преговараат со САД за намалување на даночните ограничувања. Сепак, сметам дека нема да дојде до никакви позначајни преговори меѓу САД и Кина во однос на тарифите: Проблемот ќе се реши со време, единствено преку економските мерки кои ќе ги преземат владите на двете земји за да се смири состојбата – појаснува Јакшиќ.

Целото интервју со аналитичарката Нела Јакшиќ можете да го погледнете во линкот погоре и емисијата ПРЕСВРТ со Дејан Србиновски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот