ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Тренинг сконцентриран на трицепсот, вежбаме со Елена Мирческа (ВИДЕО)

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подготви нов сет вежби за читателите на Слободен печат – тренинг за трицепс. Вежбите се адаптирани за домашни услови.

Со денешниот сет на вежби од изолација, фитнес инструкторката Елена Мирческа акцентот го става на еден од најпроблематичните делови на женското тело – трицепсот, или добро познатите „свадбарки“!

– Овој дел од телото, исто како и внатрешниот дел од бутот, не се користи толку многу во секојдневната шема на движење на раката, како на пример, бицепсот, односно предниот мускул на надлактицата кој што е дирекно инволвиран во основните потези на кревање на раката. Од таа причина, доколку не му се посвети посебно внимание за секојдневна активација, задниот дел, односно трицепсот многу брзо таложи вишок на масни наслаги, атрофира и станува млитав, ни објаснува Елена и додава:

– Доколку имате вишок килограми и сте решиле да ги отстраните со соодветен режим на исхрана и физичка активност, задолжително воведете тренинг со тежини за да изградите нова мускулна маса која ќе ја врати еластичноста на провиснатата кожа и тонусот на мускулите. Но не секогаш зголемената телесна тежина е причина за овој феномен кај жените, „свадбарки“ или „крила“ не така ретко може да се забележат и кај слаби раце, што ви е доволен показател колку физичката активност игра круцијална улога за добар изглед!

Вежбите кои денеска ви ги предлагам со секојдневно користење, дури и во домашни услови, ќе допринесат за дефинирање на мускулите на задниот дел од надлактицата и грбот, како и зголемување на рангот на движење и мобилноста на рамениот зглоб. Одберете внимателно кои од нив би одговарале на вашето ниво на кондиција и флексибилност, започнете постепено, за почеток е доволно да вежбате со сопствената тежина или да кревате минимална тежина, како мало шише со вода, со поголем број на повторувања, за подоцна да ја зголемувате тежината и да го намалувате бројот на репетиции.

Овие вежби треба да се користат во комбинација со други вежби кои ги активираат и останатите мускули на рацете и грбот.

Ајде да вежбаме заедно со Елена.

Доколку немате идеа како сами да ја осмислите вашата фитнес рутина и кои комбинации на вежби се идеални за вашето ниво на физичка спремност и специфична градба, можете да се приклучите на секојдневните „онлајн“ часови во живо. Повеќе информации на @FitnesStudiLadyFit

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот