Премиерот Заев и сопругата во друштво со принцот Едвард (ФОТО)

По повод посетата на неговото височество, принцот Едвард во Република Северна Македонија,  премиерот Зоран Заев и неговата сопруга беа дел од пригодната вечера која беше организирана синоќа, соопштија од Владата.

На вечерата, премиерот Заев и принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.

Во своето обраќање, неговото височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот