Премиерката Старџон најавува: Идната есен нов референдум за независност на Шкотска

Никола Старџен / EPA-EFE/ Finn Hall / Scottish Parliament

Шкотската премиерка Никола Старџон ја посочи идната есен како термин за новиот референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство. Старџон истакна дека „би сакала да ги види граѓаните како гласаат на почетокот на мандатот на новиот парламент, наесен во 2021 година“.

Шкотланѓаните на референдумот во 2014 година со тесно мнозинство се изјаснија да останат во Обединетото Кралство, но националистите истакнуваат дека ситуацијата значително ја променил референдумот за раздружување на Британија од Европската Унија во 2016 година, кога значително мнозинство гласачи во Шкотска беше за останување во европското семејство.

Анкетите сега покажуваат дека на евентуален нов референдум повеќето Шкотланѓани би гласале се за независност. На регионалните избори во мај в година, Шкотската национална партија (СНП) на Старџон ќе настапи со кампања за организирање нов референдум.

– Сакам да одлучиме за независност на почетокот на новиот мандат. Јас не одбивам ништо, не гарантирам ништо, но можно е гласањето да се одржи есента 2021 година – изјави премиерката Старџон.

Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека референдумот од 2014 година „дефинирал цела генерација“ и дека таа одлука треба да се почитува во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот