Рубен Дијаз/Manchester City

Премиер лигата имаше шест екипи во осминафиналето од ЛШ, ниту една не победи

Англија оваа сезона има дури шест претставници во Лигата на шампиони на УЕФА, но почетокот на осминафиналето не им донесе многу радост. Ниту еден од нив не успеа да оствари победа на првите натпревари, а дури три екипи претрпеа убедливи порази.

Вчера беа поразени Манчестер сити и Челси. Тимот предводен од Пеп Гвардиола загуби со 3-0 од Реал Мадрид, додека лондонските „сини“ се вратија од гостувањето кај Пари Сен Жермен со пораз од 5-2.

Единствен кој избегна пораз беше Арсенал, кој ремизираше 1-1 на гостувањето кај Баер Леверкузен. Лондонскиот тим до израмнување стигна во самиот финиш од натпреварот, и тоа од пенал кој предизвика бројни реакции.

И во вторникот англиските клубови немаа подобар учинок, забележаа два порази и едно реми. Најтежок пораз претрпе Тотенхем, кој на гостувањето кај Атлетико Мадрид загуби со убедливи 5-2. Пораз доживеа и Ливерпул, кој со минимални 1-0 беше совладан од Галатасарај.

Блиску до победа беше Њукасл, но ја испушти во судиското продолжение. По направениот пенал, Барселона успеа да израмни на 1-1 и да избегне пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот