Преку танц до инклузија, дестигматизација и борба проти врсничкото насилство

Dancers united неделава одбележува десет години од формирањето на првата инклузивна танцова група. По повод 3 декември, Денот на лицата со попреченост, оваа танцова група нè потсети на сите активности во изминатите години и уште еднаш го стави фокусот на сцената на лицата со попреченост и на нивните бескрајни можности. Секоја година и секоја претстава во Dancers united е патување на страст, инспирација, уметност и пред сè многу љубов.

– Оваа јубилејна година на Dancers united, ја посветуваме на психофизичкиот развој на децата и младите, на креирање на нови можности и платформи за инклузија, активно вклучувајќи се во антибулинг кампањи и кревањето на свеста и самодовербата кај децата за самите себеси. Танцот е прекрасна алатка за дестигматизација, борба против врсничко насилство и инклузија. Градиме заедница на деца и на млади луѓе кои другаруваат, патуваат заедно, освојуваат награди на натпревари и ги поттикнуваме да ги негуваат тимските и личните вештини. Кога почнавме со инклузивна група тоа беше чисто од љубов. Да направиме едно место каде што сите сме добредојдени и каде што сите ќе можат да се пронајдат себе си, меѓутоа потоа отидовме на првиот натпревар каде што публиката имаше многу позитивна реакција и многу позитивно не примија. Танчерите конечно можеа да го покажат тоа со години што сме го учеле и одлучивме оваа група да стане професионална. И еве, денес сме тука. Деветта инклузивна танцова престава и по повод јубилејот правиме ретроспектива на сиве овие 10 години што ги работиме со нив – вели Сара Кочан од  Dancers united за порталот Трн.мк.

Оваа танцова група се натпреваруваво латино и карипски танци, хип хоп и модерен балет. Секој стил овозможува на различен начин да се изразат младите танчери и да ја покажат својата креативност и страст кон танцот. Танцовата престава која ја гледавме во вторникот беше одраз на сè што ова група постигнала заедно, а тоа е разновидност, иновативност и чиста убавина , која на сцената ги спои сите без разлика на нивните различности.

И токму во тие различности е убавината. А она што особено маѓепсува е радоста и среќата на сите оние кои учествуваа во оваа инклузивна престава.

                             Видео и Фото:Трн.мк

-Сите сме ние маргинализирани на накој начин и само треба да ги отвориме вратите и да ги примиме оние кои се малку поразлични од нас. Јас би рекла и на другите колеги кои што веќе многу работат, да пробаат и да немаат стигми и страв дека е нешто поразлично. Сосема е исто. Многу е убаво и мора да кажам дека не учат они од нас колку што ние учиме од лицата со попреченост. Кога ќе видиш некој кој што се мачи да постигне и не му е се дадено, меѓутоа постигнуваа резултати кои многу од нас нема да можат ни да го постигнат ниту да го сонуваат. И кога ќе видиме дека они можат, автоматски нас не мотивираат и ни даваат поттик ние повеќе да работиме. Тоа е таа тотална инклузија. Фактот дека не се гледаме  со различни очи. Сите сме си еднакви. Сите сме исти и пред се сите сме другари. – вели Сара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот