Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Безбеден град“: За еден месец прекршоците за поминување на црвено се намалиле за 68 отсто, тврди МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во март, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 26.241 прекршок.

„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, соопштуваат од МВР.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16,7 проценти во однос на минатиот месец.

„Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, велат од МВР.

Инаку, по пробниот период, системот „Безбеден град“ од 1 февруари 2026 година почна да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, со што стартуваше и санкционирање на возачите кои направиле прекршок „фатен“ од камерите.

Пред неколку денови стигна информација дека се поставува „Безбеден град“ и на главните улици на Велес. Моментално се врши монтажа на кабли, метални сандачиња, столбови и камери, а се очекува системот да стартува летово, на крај на јули.

Во Велес се поставуваат камери за „Безбеден град“, системот треба да почне да функционира кон крајот на јули

Во првата фаза, системот регистрира четири типови сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло, како и возење со истечена регистрација односно сообраќајна дозвола.

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Собранието го донесе законот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот