руска армија EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY

Прекинот на огнот е предуслов за мировна мисија во Украина

Пред да се воспостави мировна мисија во Украина, прво е потребно да се постигне прекин на огнот меѓу Русија и Украина, изјави денес извор од турското Министерство за одбрана.

„Прво, потребно е да се обезбеди прекин на огнот, потоа да се утврди рамката на мисијата со јасен мандат и да се разјасни степенот до кој секоја земја ќе придонесе“, рече изворот, одговарајќи на прашањето дали Турција би можела да размисли за испраќање мировна мисија како дел од безбедносните гаранции за Украина, објави Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кога ја изрази својата оценка за неодамна одржаниот руско-американски самит во Анкориџ, Алјаска, објави вчера прес-службата на Кремљ.

Во разговорот беа разгледани актуелни билатерални прашања, вклучително и подобрувањето на трговските и инвестициските односи меѓу двете земји, објави Риа Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот