Предозирање е причина за смртта на кошаркарот Брендон Кларк?
Кошаркарскиот свет пред три дена беше погоден од веста за смртта на кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк, кој почина на 12 мај во својот дом. Во американските медиуми веќе се појавија детали од полициската истрага поврзана со неговата смрт.
Препорачано
Кларк седум сезони настапуваше во НБА и целата професионална кариера ја мина во дресот на Мемфис. Во текот на оваа сезона одигра само два натпревари, бидејќи најпрво се рехабилитираше од повреда на коленото, а потоа во декември заработи и повреда на листот, поради што предвреме ја заврши сезоната.
Полицијата сѐ уште спроведува истрага, а официјалната причина за смртта засега не е соопштена.
Во медиумите се пишува дека истражителите ја разгледуваат можноста смртта да е последица на предозирање, откако во неговиот дом била пронајдена дрога. Сепак, засега нема потврда дали употребата на недозволени супстанци директно довела до трагичниот исход.
Истиот медиум потсетува дека Кларк на 1 април бил уапсен во округот Крос, во американската сојузна држава Арканзас, под обвинение за поседување и трговија со недозволени супстанци, бегство со возило при пречекорување на брзината и непрописно претекнување.
Брендон Кларк, НБА кошаркарот на Мемфис гризлис, почина на 29-годишна возраст


