Предлозите за заменици министри доставени во Собранието: ЕВЕ КОЈ СЕ НАЈДЕ НА СПИСОКОТ

До архивата на Собранието стигнал списокот со предлозите на Владата за заменици министри, потврдија собраниски извори за Слободен печат. Собраниската седница на која тие ќе бидат потврдени, најверојатно спикерот Талат Џафери ќе ја закаже за во вторник.

Меѓу 16-те заемници министри се и стари и нови имиња. Меѓу предлозите на СДСМ се Димитар Ковачевски како заменик министер во Министерството за финансии, Трајан Димковски заменик министер во Министерството за земјоделие, Александар Бајдевски останува на старата позиција, заменик министер во Министерстовото за информатичко општество и администрација.

За заменици-министри по одделни ресори се предложени:

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според неофицијални информации, договор меѓу коалициските партнери паднал уште пред неколку дена, но списокот не бил доставен бидејќи во парламентот се чека да се комплетира собраниското мнозинство. Од наредната недела се очекува во собраниските клупи да седне пратеничка на ДУИ која неодамна се породила. За да биде усвоен списокот со предлог замениците министри потребни се 61 глас.

Со неа, на седницата за избоаѓрот на земениците министри би биле пристуни 62 пратеници. За усвојување на оваа точка од дневниот ред се потребни минимум 61 глас. Како можен термин за собраниската седница се посочува вторник.

Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека биле завршени разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменици министри и дека сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредени општествени области кои се под надлежност на извршната власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот