Пред Меси и Роналдо: Новата „Златна копачка“ е Левандовски!

Фото: EPA-EFE/LARS BARON/POOL

Полскиот напаѓач на Баерн од Минхен блескаше и сезонва постигнувајќи вкупно 41 гол во германската Бундеслига.

Роберт Левандовски на тој начин дојде до „Златната копачка“ на Европа, а воедно го урна рекордот на Герд Милер.

Полјакот за првпат доаѓа до ваквото признание, на втората позиција се најде рекордот Лионел Меси (шест „Златни копачки“) со 30 погодоци, а трет Кристијано Роналдо со 29.

Следните ѕвезди кои треба да блескаат во иднина, Килијан Мбапе (ПСЖ) забележа 27 голови од 31 настап, а истиот учинок го имаше и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но од 28 настапи.

Минатата натпреварувачка сезона најдобар беше напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле со 36 постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот