ВИДЕО: Левандовски во последната минута во сезоната го собори рекордот на Милер

epa09220422 Robert Lewandowski of FC Bayern Muenchen raises the top goalscorer of the season award following the German Bundesliga soccer match between FC Bayern Muenchen and FC Augsburg at Allianz Arena in Munich, Germany, 22 May 2021. EPA-EFE/Alexander Hassenstein / POOL DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Сезоната во Бундеслигата заврши на неверојатен начин, со соборување на рекордот на Герд Милер од страна на Роберт Левандовски.
Со одигрување на натпреварите од 34 коло, денеска заврши сезоната во Бундеслигата, Баерн Минхен ја одбрани титулата, во Лигата на шампионите покрај баварците ќе играат и Лајпциг, Борусија Дортмунд и Волфсбург. Во Лигата на Европа одат Ајнтрахт и Баер Леверкузен додека Унион Берлин ќе игра во Конференциската лига. Од Бундеслигата покрај Шалке испадна и Вердер, а Келн ќе игра во баражот.

Баерн Минхен со убедлив триумф од 5:2 над Аугсбург ја заврши сезоната во која ја освои титулата, а Роберт Левандовски се обидуваше да го собори рекордот на Герд Милер од 1972 година. Во пресрет на последното коло, Милер и Левандовски беа израмнети со по 40 постигнати голови во една сезона. Денеска Полјакот се обидуваше да  дојде до 41.гол во една сезона и да го собори рекордот на Милер и успеа во таа намера во последната минута од натпреварот.
Финишот на натпреварот го одбележа и излегувањето од игра на Давид Алаба кој по 13 години поминати во Баерн си заминува од тимот и тој не можеше да ги сокрие емоциите.

Освен натпреварот на Баерн, најголемо внимание предизвика и битката за опстанок која ја водеа Арминија, Вердер и Келн.
Вердер на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 2:4 по што единствена надеж му беше веќе отпишаниот Шалке да му откине бод на Келн. Но, Келн со голот на Борнау во 85 минута успеа да се спаси од испаѓање и ќе игра во баражот за опстанок.
Вердер како препоследен му се придружи на Шалке во Цвајта, додека Арминија која со 0:2 славеше над Штутгарт и сезоната ја заврши на безбедното 15 место на табелата.

Резултати:
Баерн Минхен – Аугсбург 5:2
Борусија Дортмунс – Баер Л. 3:1
Ајнтрахт – Франбург 3:1
Келн – Шалке 1:0
Хофенхајм – Херта 2:1
Штутгарт – Арминија 0:2
Унион Берлин – Лајпциг 2:1
Вердер – Борусија М. 2:4
Волфсбург – Мајнц 2:3

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот