Пред две години го поддржа Бајден: Тејлор Свифт ги повика обожавателите да гласаат во рамки на „супер вторник“ во САД

Фото: Инстаграм/ Taylor Swift

Американската кантавторка Тејлор Свифт ги покани своите фанови да гласаат на денешните првични избори на Републиканската и Демократската партија во Тенеси, каде што живее, како и во останатите 15 американски држави.

„Сакам да ве потсетам да гласате за луѓето кои се ваши најдобри претставници. Ако веќе не сте, планирајте да гласате денес“, напиша таа во објавата на нејзиниот инстаграм-профил.

Свифт го поддржа актуелниот претседател Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година, како и демократските кандидати во Тенеси во 2018 година, пренесува новинската агенција „Асошијетед прес“.

Денеска во САД е „супер вторник“, централниот ден на кампањата за претседателските номинации на Демократите и Републиканците, бидејќи во 16 американски сојузни држави се одржуваат прелиминарни избори на двете најголеми партии во САД.

Повеќе од една третина од вкупниот број делегати се освоени на изборите во „супер вторник“, а републиканскиот кандидат може да освои 854 од вкупно 2.429 делегати, додека Демократите можат да освојат 1.420, што е исто така повеќе од една третина од делегатите.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е фаворит за номинација на Републиканците, сега има 122 делегати и му требаат уште 1.093 за да ја достигне потребната „волшебна“ бројка од 1.215. Бајден, фаворитот на Демократите, сега има 206 делегати и има потреба од 1.986.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот