Правилото за пет замени ќе важи и следната сезона

фото: твитер

Оставено е на секоја поединечна асоцијација да одлучи околу тоа дали ќе сака да го примени правилото во своите натпреварувања.

Меѓународниот одбор на фудбалските федерацииа (ИФАБ) потврди дека клубовите уште една година ќе можат да го применуваат правилото за пет замени во текот на натпреварите.

Правилото кое се применува од мај е со цел да се избегнат што повеќе повреди кај играчите после долгата пауза поради пандемијата на коронавирус, се заштити здравјето на фудбалерите.

Се очекува натпреварувањата да завршат во текот на 2020 година. Поради ситуацијата со Ковид-19 клубовите се под посебен притисок, па така ќе можат да го користат правилото за пет замени до 31 јули 2021 година.

Оставено е на секоја поединечна асоцијација да одлучи околу тоа дали ќе сака да го примени правилото во своите натпреварувања. Од друга страна, правилото доби и критики, бидејќи ги штити големите клубови кои имаат посилна клупа.

На пример во Премиер лигата во текот на гласањето за примена на правилото, наиде на критика од одредени клубови како Астон Вила, Борнмут, Шефилд јунајтед и Вест хем.

За поголем број европски лиги сезоната ќе започне кон средината на септември, што значи дека паузата меѓу двете сезони ќе биде скратена.

Пазнат датумот на почетокот и крајот на Мундијалот во Катар

ЛШ ќе стартува еден месец подоцна , календарите ќе бидат згуснати, а за клубовите ќе биде додатно тешко да ги склопи домашните и европските натпреварувања.

Покрај тоа, ФИФА гарантира дека УЕФА ќе има два додатни датуми за меѓународните натпревари, што значи дека поголем број на репрезентации ќе играат осум мечеви во два термини во октомври и ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот