Правила за возење во такси за време на пандемијата: Седете позади и не зборувајте со возачот

Такси превоз / Фото: Архива

Ако не сте возач и немате велосипед, алтернатива на градскиот превоз е помош од пријател, или најчесто такси. За ризикот од заразата да го намалите на минимум, придржувајте се до следните упатства на експертите.

Седете позади

Американските здравствени власти советуваат секогаш да се седне позади, дијагонално во однос на возачот, за да се одржи максимална можна оддалеченост.

За дистанцата да е поефикасна, возачите на такси во многу земји низ светот во своите возила ставиле прегради од плексиглас, што е познато на сите кои се возеле во лондонските такси. Исто така не е добра идејата да се патува со странци во исто возило. Убер на пример, престана да ја нуди својата поповолна услуга за делење на возилото со странци и ги советува луѓето да патуваат сами или само со членови од најблиската фамилија.

Не разговарајте со возачот за време на возењето

Најголемиот европски автомобилски клуб АДАЦ ги советува патниците да не разговараат за време на возењето во такси.

„Ако е можно, молчете за време на возењето и избегнувајте жестоки расправии“, стои во официјалното упатство на германскиот клуб АДАЦ со објаснување дека такво однесување би можело да го намали ризикот од ширење на вирусот, пренесува Хина.

Носете маска 

Здравствените власти во земјите низ светот ги повикуваат сите лиа да носат маски секогаш кога се на јавни места, бидејќи секој може да биде преносител на вирусот, иако не покажува видливи симптоми.

А што ако возачот не носи маска? Со обзир на тоа дека постои опасност и тие да се заразени со вирусот, а да не го знаат тоа, треба да се замоли возачот да стави маска. Притоа се советува тоа да го направите на љубезен начин, велат од АДАЦ, бидејќи таксистите се под голем стрес заради високоризичната работа.

Пред и после возењето измијте ги рацете

И за крај совет кој постојано го слушаме. Темелно миење на рацете или нивна дезинфекција пред и после патувањето ќе ве заштити и вас и возачот од можна зараза. Ако можете, со себе понесете мало шише за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот