Пратениците одлучуваат дали Биг Бен ќе го означи излезот на Британија од ЕУ

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Повеќе од 40 пратеници, главно конзервативци, засега го потпишаа амадманот.

Ќе се огласи ли Биг Бен за да го одбележи моментот на излегување на Британија од Европската Унија – ова е прашањето за кое денес ќе расправаат британските пратеници.

Од моментот кога конзервативците на премиерот Борис Џонсон победија на изборите во декември, извесно е дека на крајот од јануари ќе се случи Брегзит, а пратениците ја продолжуваат расправата за законот кој е потребен за неговото спроведување.

Група на пратеници кои го поддржуваат Брегзит, предложи амандман на тој закон, барајќи во него да вклучи огласување на Биг Бен на 31 јануари во 23 часот по локално време, кога Британија и официјално ќе ја напушти Унијата.

– За да се одбележи овој значаен настан, јас, заедно со уште 50 пратеници, сега се солгасувам да му се дозволи на Биг Бен да ја огласи нашата слобода – наведе пратеникот на конзервативците Марк Франсоа, кој го предложи амандманот.

Повеќе од 40 пратеници, главно конзервативци, засега го потпишаа амадманот.

Ако ја помине селекцијата која ја прави претседавачкиот Долен дом на парламентот, амандманот подоцна денес ќе биде ставен на гласање.

Ѕвоното тешко 13,7 тони на Биг Бен главно не се огласува од 2017 година, откога се вршат работи за обновување на кулата во која се наоѓа, освен на важни настани како што е дочекот на Новата година, потсетува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот