Пратеничката Иванка Василевска: Сиромаштијата во Македонија го достигнува пикот

Иванка Василевска/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Ниска инфлација од 2,5 проценти, ниската невработеност од 7,5 проценти, растот на економијата до пет проценти годишно, заедно со капитални инвестиции од три милијарди евра се реална инјекција за спас на македонската економија, истакна Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата на ТВ Телма.

„Од овој аспект, дали платата ќе биде волкава или толкава ги сметаме за несоодветни во еден ваков период на неизвесност, кога треба да се постават темелите и кога треба да се направи една транспарентна економска политика во која самата инфлација нема да ги изеде овие покачувања на платите“, изјави Василевска.

Таа нагласи дека сиромаштијата во Македонија денеска го достигнува пикот.

„Преку 500.000 граѓани во Македонија дневно живеат со 150 денари, преку 84.000 граѓани со помалку од 50 денари. И тоа е реалниот одраз на другите аспекти кои што се рефлектираат и во македонското општество“, вели Василевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот