Сцена од претставата „Анна“ / Фотографија: Драган Гајиќ

Праизведбата на драмскиот текст „Анна“ од Драгана Лукан Николоски е со претстава во режија на Нина Николиќ

На малата сцена на Театар Комедија на 3 декември премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Анна“ според истоимениот драмски текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ.

Станува збор за праизведба на текстот којшто е дел од проектот „Трилогија за љубовта“ на авторката Драгана Лукан Николоски во кој се содржани уште и драмите „Марта Верина“ и „104“.

Драмата е инспирирана од „Ана Каренина“, но не претставува нејзина драмска адаптација. Дали светот е навистина променет, дали ние луѓето сме навистина променети, дали денеска после 150 години Ана има шанса да победи?

Ана има сè – углед, стабилност, совршено семејство. Но зад затворените врати се крие една друга вистина: таа е невидлива во својот живот. Кога се среќава со Алексеј, страста ѝ дава илузија за слобода. Но, дали навистина може да се ослободи?

Тоа е драма за жената која избира да има избор и да ја плати цената на својата одлука. За бракот во кафез и бунтот кој станува ново ропство. За вечното прашање: што губиме кога се обидуваме да се најдеме?

Сцена од претставата „Анна“ / Фотографија: Драган Гајиќ

Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ и Маја Зеќо. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ и од Гете институтот, а се реализира како копродукција помеѓу „Перипетија продукција“ и Театар Комедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот