Познатата пејачка ја призна аферата со принцот Чарлс

Иако со години се шушкаше за тајната врска меѓу познатата пејачка Барбара Стрејсенд и британскиот принц Чарлс, таа дури сега јавно го призна тоа. Имено, таа во текот на неодамнешниот концерт во „Huge Park“ неколку пати го спомена принцот.

„Доколку картите одиграа како што требаше, јас ќе бев првата принцеза еврејка“, се пошегува Барбара која веќе 21 година е во среќен брак со сопругот Џејмс Бролин.

Да се потсетиме, Барбара и Чарлс се запознале 1974 година на сетот од филмот „Funny Lady“, а деталите од нивната романса, која дури сега е потврдена, се објавени во книгата на авторот Кристофер Андерсон од 2016 година.

Во книгата пишува дека принцот Чарлс на млади години бил лудо заљубен во пејачката, па дури и ја посетувал на снимањата. Наводно се гледале дури и кога тој бил во брак со Диана, но тоа никогаш не е потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот