Познатата комичарка открива како успеала да изгуби 18 килограми за време на карантинот

Instagram

Деновите поминати во карантин предизвикан од коронавирусот за повеќето луѓе беа тешки и неподносливи. Но, истовремено така добивме повеќе време да се посветиме самите себе

Американката Тифани Хадиш во интервју за списанието „People“ откри како успеала да изгуби 18 килограми. Својата нова фигура, како што вели таа ја добила благодарение на секојдневното вежбање од период од 15 минути, а имало денови и кога вежбала по два часа.

Instagram
Instagram

Познатата 41-годишна комичарка вели дека инспирација за нејзината посветеност на здравата исхрана и вежбањето ѝ била поранешната атлетска ѕвезда Флоренс Грифин Џојнер, која сè уште го држи светскиот рекорд како најбрза жена на сите времиња.

Кога започнав со интензивно вежбање во мислите ја имав Фло-Џо и дека сакам да имам тело како нејзиното“, признава комичарката.

Покрај секојдневното вежбање, Хадиш се придржувала и на здравата исхрана.

Instagram
Instagram

Денес јадам многу повеќе зеленчук што го одгледувам во мојата градина и се обидувам добро да се потам секој ден. Се обидувам да танцувам околу пет до десет минути на ден. На крајот на краиштата, процесот на достигнување на витката линија треба да биде забавен“, вели Тифани.

Хадиш откри и како го користела времето во карантин, размислувајќи за сопствениот живот, за минатото, тешките периоди и нејзината борба со бездомништво и недостатокот на храна.

Немав покрив над главата и бев гладна, а тоа е ситуација во која никогаш не би сакале да се најдете. Откако конечно најдов излез од тоа, почувствував огромно олеснување и почувствував дека треба да продолжам да работам и да создадам можности за други луѓе, за тие никогаш да не се најдат во слична ситуација“, открива американската комичарка која конечно нашла стабилност во својот живот и денес ужива деловен успех.

Instagram
Instagram

Благодарна сум за сите искуства што можев да ги соберам низ годините. Отсекогаш верував дека ќе дојдат подобри денови за мене и дека она што моментално го доживувам може само да ме направи посилна и поподготвена за нешто повеќе. Болката што ја чувствував ме подготви за успех“, вели Тифани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот