Познат лекар од Ниш жртва на трговија со луѓе

За ова дело српската полиција веќе уапсила брачен пар.

Познат лекар од Ниш бил жртва на трговија со луѓе. За ова дело српската полиција веќе уапсила брачен пар.

Како што објави Вишото јавно обвинителство, од март 2019 година до март годинава, двајцата со употреба на сила и закани го задржале лекарот со цел да ја искористи неговата работа и да воспостави робовска врска, принудувајќи го да ја напушти семејната куќа и да живее на улицата, ограничувајќи му ја слободата на движење и комуникација со други луѓе. Тие му ја одзеле и пензијата и го принудувале лекарот да позајмува пари од познаници и да им ги дава на сега осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот