Позитивни на коронавирус сакале да отпатуваат со лажен ПЦР тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела nепостапување според здравствените прописи за време на епидемија, како и Фfалсификување исправа.
Препорачано
Иако со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како потврдени случаи на заболени од COVID-19, тие на 7 април со лет од Меѓународниот аеродром Скопје се обиделе да ја напуштат државата.
Хроника
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје секое од сторените кривични дела да го санкционира со парична казна од по 50 дневни глоби во вредност од по 40 евра, односно на двајцата сторители да им изрече единствени парични казни од по 90 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 40 евра во денарска противвредност.


