пожар скопје
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пожарот кој избувна кај СЦ „Борис Трајковски“ е ставен под контрола

Пожарот кој денеска изби на депонијата во близина на Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ е ставен под контрола.  Командатот на скопската проптивпожарна бригада, Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека во гаснење на пожарот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила.

Тој нагласи дека пожарот е ставен под контрола и оти нема опасност за негово ширење на околните објекти, но пожарникарите се сѐ  уште на терен и работат на негово целосно гаснење, со оглед на тоа дека станува збор за поголема површина.

Пожар избувна и на поголема површина на Гази Баба. Во моментов таму пожарникарите работат на негово гаснење, а како што истакна Томевски во операцијата се вклучени две возила и пет пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот