Повторно земјотрес во Кашмир, Пакистан

Фото: Принтскрин

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северозападниот дел од Кашмир во Пакистан, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања (ГФЗ).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопштија од ГФЗ. Потресот бил почувствуван на 152 километри северно од Сринагар во индиски Кашмир. Засега нема информации за штети предизвикани од овој земјотрес.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индискиот регион на Кашмир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри југозападно од Падам, на длабочина од 10 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот