Повторно се одложува грен слем турнирот „Ролан Гарос“

Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ како што информира францускиот весник „Париз“ ќе започне на 27 септември 2020 година.

Најголемиот француски тениски турнир ќе има нов термин на одржување поради пандемијата на коронавирус.

Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ како што информира францускиот весник „Париз“ ќе започне на 27 септември 2020 година.

Отвореното првенство во главниот град на Франција со стандарден термин 18 мај – 7 јуни првично беше преместен од 20 септември до 4 октомври.

Но, според новите информации, овој настан ќе стартува ќе започне една недела подоцна ќе трае до 11 октомври.

Потсетување дека минатата година титулите во машка и женска конкуренција ги освоија Рафаел Надал (Шпанија) и Ешли Барти (Австралија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот