Повреден 463 дена, нема проблем, го купуваме!
После Штефан Лајнер од Лајпциг и Макс Грун од Дармштад, од Борусија (М) се насочија и кон можното трето летно засилување Брил Емболо.
Напаѓачот на Шлаке би требало за две-два најдоцна да потпише за клубот од Борусија Парк, иако имаше многу здравствени проблеми, пропушти 463 дена поради различни повреди.
Breel Embolo soll bei #Borussia #Mönchengladbach im Gespräch sein – als Ersatz für Josip Drmic. https://t.co/wudhDEdln1 #TBSport pic.twitter.com/VxbmTIEwvl
— Telebasel (@Telebasel) June 24, 2019
Во неговиот договор постојат две клаузули, една за тимови учесници во ЛШ, поставена на 65 милиони евра, а втората за сите останати од 45 милиони евра.
Со оглед на тоа што Борусија од Менхенгладбах не обезбеди пласман во елитниот европски куп, останува да ги плати споменатите 45 милиони евра и да го добијат играчот и со кој ги договори сите услови за соработка.
Се очекува Емболо во Гладбах да го замени Јосип Дрмиќ кој пак за четири сезони беше надвор од теренот беше дури 516 дена.