Изиџет и Рајанер
Авиони на Изиџет и Рајанер / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Повици за штрајк на нискобуџетните авиопревозници во Европа

Неколку европски синдикати на кабинскиот персонал на авиокомпанијата Рајанер повикаа на штрајк следниот викенд во Франција, Шпанија, Белгија, Италија и Португалија, додека шпанскиот синдикат, исто така, повика на деветдневен штрајк во јули во Изиџет.

Вработените во ирската нискобуџетна компанија треба да штрајкуваат во сабота и недела за да побараат „спроведување на законот за работни односи и исплата на дополнителни часови работа“, соопшти францускиот синдикат (СНПНЦ).

„Компанијата дури и не го почитува времето за одмор како што е предвидено со законодавството за цивилно воздухопловство“, рече претставникот на персоналот на СНПНЦ, Демиен Моргус.

На 12 и 13 јуни штрајкот веќе предизвика откажување на четвртина од летовите на Рајанер во Франција, што е околу четириесет летови.

Во Шпанија, синдикатите УСО и СИТЦПЛА го повикаа персоналот на Рајанер на штрајк од 24 јуни до 2 јули.

Во Португалија, персоналот на Рајанер повика на штрајк на 24 и 26 јуни во знак на протест против влошените работни услови, како и во Белгија.

Во Италија, штрајк во Рајанер е закажан за 24 часа во сабота на 25 јуни. Таму, пилотите и кабинскиот екипаж бараат плати „кои барем се во согласност со минималните плати предвидени со националниот договор за воздушен транспорт“ во нивната земја.

Со обновувањето на воздушниот сообраќај по затворањето поради коронавирусот, многу компании мораат да откажуваат летови поради недостиг на персонал, а повеќе аеродроми се во хаос бидејќи не можат да го апсорбираат зголемениот број патници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот