Повеќе од 180 луѓе загинаа во поплавите во Западна Европа

Белгија поплави
EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Најмногу погодена е германската сојузна држава Рајна-Палатинат, каде загинаа 110 луѓе. Во Северна Рајна-Вестфалија настрадаа 45 лица, меѓу кои и четворица пожарникари.

Бројот на жртви во поплавите што ја погодија Западна Европа се искачи над 180.

Најмногу погодена е германската сојузна држава Рајна-Палатинат, каде загинаа 110 луѓе. Во Северна Рајна-Вестфалија настрадаа 45 лица, меѓу кои и четворица пожарникари.

Во Белгија досега се потврдени 27 смртни случаи.

Поплави синоќа имаше и во пограничното подрачје помеѓу Германија и Чешка.

Жителите на две села во реонот на градот Либерец, северна Чешка, беа евакуирани поради опасност од поплави откако се зголеми нивото на водата на локалните реки по обилните дождови.

Поплави синоќа имаше и во и северниот дел на Австрија. Синоќа во градот Халајн активиран е аларм откако пукна брана на реката Котбах. Центарот на градот е уништен, а издадено е предупредување до локалното насление да останат во своите домови.

Видео на денот