Повеќе авиокомпании погодени од дефект на софтверот на „Ербас“
Голем број авиокомпании, вклучувајќи ги „easyJet“, „British Airways“, „Aer Lingus“, „Lufthansa“, „American Airlines“, „Delta“ и „Wizz Air“, беа погодени од софтверскиот проблем на авионите од серијата А320 на „Airbus“, додека некои компании како што е колумбиската „Avianca“ привремено ја суспендираа продажбата на билети поради ажурирањето.
Препорачано
Портпаролот на „Ербас“ претходно изјави за „Скај њуз“ дека неопходната промена на софтверот ќе влијае на околу 6.000 авиони.
Поправката обично вклучува враќање на софтверот на претходната верзија, но мора да се изврши пред авионот повторно да може да превезува патници, објави „Скај њуз“.
За повеќето засегнати авиони, ажурирањето трае 2-3 часа, додека за некои модели ќе биде потребна и нова опрема, што ќе го зголеми времето на застој.
Проблемот ги засега моделите А319, А320 и А32 1 што се во употреба, додека авионите што сè уште не се испорачани не се засегнати.
Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) предупреди дека се можни доцнења и откажувања на летови, додека експертите велат дека воздушниот сообраќај останува исклучително безбеден, но патниците можеби немаат право на обештетување бидејќи проблемот се смета дека е надвор од контрола на авиокомпаниите.
„Изиџет“ соопшти дека ќе ги извести патниците директно за промените на летовите и ќе направи сè за да го минимизира влијанието.


