Повеќе приведувања поради дрога во Тетовско, меѓу нив и бугарски државјанин

Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Тетово се приведени и донесени за почнување постапка осум лица поради сомнение дека се инволвирани во кривични дела поврзани со дрога. Околу пладне на улица „Илинденска” во Тетово, приведени се Ш.И.(57) и Ј.С.(50), двајцата од Тетово, затоа што при преглед им бил пронајден хероин.

Во 20 часот во СВР Тетово биле донесени Е.И.(26), А.Д.(27) од Скопје и Р.И.О.(30) од Република Бугарија, кои околу 12 часот биле лишени од слобода во Скопје, а поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Тројцата се сомничат дека биле инволвирани во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локален пат над тетовското село Камeњане, пријавен на 4 мај годинава околу 22 часот. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и денескасо соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Останатите три лица се приведени околу 22 часот, во тетовско Желино, кога кај С.А.(20), Џ.У.(21) и Ф.О.(33) од тоа село при преглед на патничкото моторно возило „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, била пронајдена марихуана. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот