Повеќе нема да слушаме песни за скршеното срце на Адел: Се спогоди со сопругот поради синот Анџело!

Instagram
Instagram

Планетарно популарната пејачка Адел се согласи да не пишува песни поврзани со нејзиниот поранешен сопруг Симон Конецки.

Profimedia
Адел со поранешниот сопруг Симон – Фото: Профимедиа

 

Своето скршено срце Адел го „лекуваше“ во минатото со песни и оствари бројни хитови, но тоа нема да биде случај откако се разведе од Симон Конецки. Притоа постигнат е договор дека таа нема да пее песни поврзани со нејзиниот брак, од почит кон нејзиниот поранешен партнер.

Поранешната двојка на оваа тема се спогоди овој месец, две години откако се разделија и секој си тргна по свој пат.

Instagram

„Скршеното срце и помагаше на Адел да продава албуми со години, но оваа разделба е сосема поинаква. Двајцата се свесни дека нивниот син Анџело треба да биде заштитен, па Адел се согласи да не пее песни за нивната врска. Нејзиниот нов албум ќе биде поразличен, па затоа не и пречеше премногу тоа што Симон побара нивната врска да не биде дел од нејзините нови песни. Тоа е показател за почит“, изјави извор близок на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот